Поврзи се со нас
Here is the banner code 300x250 for mobile:

Ракомет

Коронавирус во Загреб: Одложени натпреварите во Лигата на шампионите

Проблеми во ракометниот клуб од Загреб.

Тројца од ракометниот клуб Загреб тестираа позитивно пред редовниот тест пред патувањето во Украина за мечот од 7. коло на Лигата на шампионите.

Веднаш беше утврдена самоизолацијата на целиот прв тим, а натпреварите со Мотор во Украина и со Нант во Загреб беа одложени.

Играчите ќе мора да поминат 10 дена во самоизолација, а откако ќе поминат тие 10 дена, ќе бидат тестирани за присуство на коронавирус.

Добрата вест е што ракометарите кои претходно имале коронавирус се вклучиле на тренингот.

Новите датуми на одложените натпревари ќе бидат познати подоцна откако ќе се смири ситуацијата со коронавирусот во клубот од Загреб.

loading...

Facebook