Ракомет
Коронавирусот и полицискиот час во Париз го смени терминот за мечот ПСЖ-Вардар
Натпреварот од 6. коло од групната фаза на ЕХФ лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Вардар 1961 ќе се игра во нов термин. Датумот останува ист, но сменета е саатницата.
Наместо во 20,45 часот како што претходно беше договорено, средбата ќе се игра во 18,45 часот.
Средбата со ПСЖ е закажана за в среда, 28 октомври 2020 година во Париз.
Поради новиот бран на коронавирус, во Париз и неколку други окрузи во Франција на сила е полициски час, па мечевите мора да завршат до 22 часот.