Поврзи се со нас

Ракомет

Коронавирусот не го одмина и РК Металург

Коронавирус се појави и во тимот на РК Металург. Како што соопшти некогашниот македонски шампион на официјалната интернет страница, денешните тестирања покажале позитивни членови на екипата.

Од последното тестирање во минатата недела до денешното, за жал имаме два позитивни случаи, од кои еден е играч, а еден е член на стручниот штаб. И двајцата се без симптоми и се во добра здравствена состојба. Ќе ги испочитуваат протоколите и ќе останат во изолација до следното тестирање за 10 дена изјави претседателката на Металург Зорица Блажевска.

Металург в понеделник ќе замине во Франција, каде во вторник ќе го одигра првиот натпревар во групната фаза на Лига Европа против екипата на Тулуз.

Advertisement

Facebook

Реклама