Connect with us

Ракомет

Коронавирусот се шири и во спортот – Диви Ангелов од „Пролет“ позитивен: Имам температура и омалаксаност

Коронавирусот се шири и во спортските редови. Познатиот поранешен репрезентативец, сега голман во ракометниот клуб „Пролет“ е позитивен на Ковид-19. Ова го соопшти самиот тој на социјалните мрежи.

„Почитувани другари, пријатели, роднини, колеги, спортисти. Чуствувам морална одговорност да Ве инфомрирам дека мојот последен тест на Ковид-19 е позитивен. Изминатите два дена имам температура и чуствувам омалаксаност, но се надевам дека веќе од утре ќе ми биде подобро. Согласно препораките од здравствените работници, ќе останам во самоизолација во следните 14 дена. Доколку во последните седум дена сте биле во контакт со мене, Ве охрабрувам да се тестирате. Искрено се надевам дека наскоро пандемијата ќе стане минато и ќе споделуваме само позитивни резутати од ракометните терени.“

Ова веројатно ќе придонесе за ново одложување на натпреварите од Суперлигата која е во мирување околу 20 дена.

За следната седмица е закажано колективно тестирање на сите членови на оваа екипа и на стручниот штаб.