Кошарка
Кошаркарите на Чикаго го бојкотираат тренерот
Кошаркарите на Чикаго од минатата недела имаат нов тренер. Станува збор за Џим Бојлен, кој го наследи отпуштениот Фред Хојберг. Бојлен веќе три сезони е дел од стручниот штаб на “биковите#, па раководството него му ја довери работата.
По една тесна победа против Оклахома, Чикаго доживеа дебакл против Бостон на свој терен, откако загубија со рекордни 56 поени, што предизвика бура од реакции кај навивачите.
Проблемите во таборот на Чикаго очигледно се уште поголеми, бидејќи кошаркарите одбиле да тренираат. Наводно ѕвездите биле незадоволни од тренинзите на новиот тренер Бојлен. Тие траеле по два ипол часа и повеќе личеле на војнички тренинг, отколку на кошаркарски. Наводно, кошаркарите биле толку „угнетувани“ на тренинзите што се пожалиле дури во Асоцијацијата на кошаркар на НБА-лигата за третманот кој го добиваат од тренерот.