Кошарка
Кошаркарките нема да излезат со бело знаме против Шведска
Женската кошаркарска репрезентација на Македонијаутре во 20:15 во СЦ „Јане Сандански“ против селекцијата на Шведска ќе го одигра претпоследниот натпревар од квалификациите за пласман на ЕП во 2019 година.
„Црвено-жолтите“ ги загубија шансите за пласман, па затоа целта на овие два натпревари, против Шведска и Хрватска (21 ноември), е да се покаже перспективата на женската кошарка, односно достоинствено да се завршат евроквалификациите.
- Не чекаат два тешки натпревари со силни репрезентации кои многу добро ги познаваме. Навистина ми е жал што во овој квалификациски циклус не успеавме да ја прикажеме реалната слика на репрезентацијата. Сметам дека најкомплетни бевме минатата година во јуни кога одигравме три натпревари во Скопје и оттогаш не можевме да се комплетираме во ниту еден прозорец од квалификациите. Сепак ќе мораме да покажеме дека не се предаваме. Ќе се обидеме најдобро да ја претставиме репрезентацијата на овие натпревари, истакна селектор Марјан Лазовски.