Кошаркарките загубија од Република Ирска

Кошаркарките на Македонија до 18 години го претрпе и вториот пораз на ЕП – Б дивизија што се одржува во Скопје, откако денеска беа поразени од селекцијата на Република Ирска со резултат 60-39 .

Нашите млади кошаркарки одиграа катастрофално во последната четвртина, во која за десет минути игра постигнаа само два поени.Нашите кошаркарки во првото полувреме имаа и водство од 27-17.

Најефикасна во нашиот табор беше Теона Поп Стојанова, која оствари дабл-дабл учинок од 10 поени и 18 скокови.

Македонија утре во 18.45 часот во рамките на третото коло ќе се сретне со Грција.

Извор: Дриблинг