Connect with us

Кошарка

Кошаркарките замрзнаа на минус 70 од шведската машинерија

Кошаркарките на Македонија ги продолжија очајните настапи во квалификациите за Евробаскет 2019 година, откако овој пат претрпеа пораз од селекцијата на Шведска со 118:48. Ова е петти пораз во низа за „црвено – жолтите“, а најмногу загрижува фактот што последните три дуели ги завршија со најмалку 60 поени негатива (93:33 од Италија и 47:108 на домашен терен од Хрватска).

Факт е дека изборот на кошакарки беше ограничен со повредите на дел од клучните игрчи, но тоа никако не смее да претставува изговор за новото очајно издание. Проблемот да се пренесе топката преку половина беше очигледен од самиот почеток, Македонија само во првото полувреме имаше 22 загубени топки, а гостинките заминаа на одмор со преубедлива предност од 64:20. Како што минуваше времето, така и негативата на нашиот состав се зголемуваше, се до конечните „минус 70“.

  • Повторно започнавме да играме во грч, а додека се сконцентриравме веќе противникот направи огромна разлика во реализирани поени. Малерот со повредите на искусните играчи не следи од самиот почеток на овие квалификации, по што се чини дека дефинитивно нема да имаме прилика да ја видиме реалната слика за оваа репрезентација ниту во овој прозорец. Мислам дека на концентрацијата влијаеше и резултатот кој го запишавме против Шведска на гости, истакна селекторот Лазовски.

За нашиот национален тим останува уште гостувањето во Хрватска за овој квалификациски циклус.