Connect with us

Кошарка

Кошаркарот на Кингс се навреди од понудата од 90 милиони долари: Чувствувам дека вредам повеќе од тоа …

Тимот на Сакраменто Кингс му понуди на својот кошаркар Бади Хилд нов четири годишен договор, вреден 90 милиони долари.

Сепак, шутерот на тимот од главниот град на Калифорнија не сака да ја прифати оваа понуда. Тој сака повеќе пари, а договорот од 90 милиони американски долари го смета за навреда.

„Оваа понуда ја гледам како навреда“, ладно рече Хилд и продолжи:

„Чувствувам дека вредам повеќе од тоа. Ако веќе ми кажете дека сакате да изградите тим околу мене, покажете го тоа. Делата зборуваат повеќе од зборови, и ако само зборувате и не покажувате ништо, јас нема да го почитувам тоа“, додаде тој.

Хилд истакна дека се гледа себеси во Сакраменто, но дека тоа зависи од раководството на клубот.

„Сакам да играм за овој тим. Сакам да бидам тука затоа што ова е мојот дом. Јас се обидувам да купам куќа, но сè е стопирано затоа што не знам дали навистина ме сакаат“, рече Хилд.

Овој кошаркар бара минимален договор од 110 милиони долари за четири години, а ќе видиме дали тимот ќе му ги понуди овие пари.

Хилд, кој беше избран за шести избор на НБА драфтот во 2016 година, одигра многу добро минатата сезона, постигнувајќи 20,7 поени по натпревар.

Пред Сакраменто, тој играше за Њу Орлеанс, но доби вистинска шанса со терјдот во Кингс.