Кошарка
Кошаркарскиот куп на Македонија одложен поради трагедијата кај Карпалак
Големата сообраќајна трагедија која се случи вчера, во која животот го загубија 14 лица меѓу кои и 25-годишниот кошаркар на Гостивар, Јовица Трпевски, е причината поради која е одложена завршницата на кошаркарскиот Куп на Македонија кој во наредните три дена требаше да се игра во Гевгелија.
На барање на клубот, МКФ реши да ги одложи натпреварите, а новиот термин ќе биде дополнително утврден, најверојатно кон крајот на април месец.