Connect with us

Фудбал

Косово ја тужеше Србија по мечот со Англија (ФОТО)

Фудбалскиот сојуз на Косово ја тужеше Србија до УЕФА по натпреварот меѓу Англија и Србија (1:0), поради, како што наведуваат, истакнувањето на знамиња, пароли и извици од српските навивачи со политички, шовинистички и расистички пораки против Косово.

Србија беше поразена во првиот натпревар на ЕП од Англија со 1:0, а решавачкиот гол го постигна Џуд Белингем. Но, тоа не можеше без навивачки испади, по што се огласи ФС на Косово.

„Фудбалскиот сојуз на Косово ја информира јавноста дека официјално и одговори на УЕФА поради истакнување знамиња, слогани и извици од страна на српските навивачи со политички, шовинистички и расистички пораки против Косово за време на натпреварот меѓу Србија и Англија, во рамките на Евро 2024. Континуираното прикажување на вакви пораки и извици на величенствен настан како Евро 2024 е неразумно и апсурдно. Ваквите извици ја докажуваат омразата што се шири во јавното мислење во Србија кон соседите.

Advertisement