Ракомет
Костески: Знаеме со кои противници играме, но покажавме дека можеме да изненадиме
Во завршна фаза влегуваат подготовките на македонската ракометна репрезентација во пресрет на ЕП кое почнува на 13-ти.
-Влегуваме во завршниот дел од подготовките за ЕП. Работиме посветено и ги исполнуваме задачите кои што ни ги дава селекторот. Лично сум задоволен од тоа како играме, напредуваме во играта и што е најважно сите сме подготвени. Исто така јас сум задоволен од моите настапи на трите пријателски средби што ги одигравме. Се надевам дека до крајот на подготовките нема да имаме некои непосакувани проблеми, вели Ненад Костески.
-Ги анализираме сите три противници, добро знаеме против кои ривали ќе играме. Веќе докажавме дека можеме да се носиме и со една селекција како Данска и да изненадиме. Црна Гора не смее да се потцени, се бори до крај и сите играчи го даваат максимумот од почеток до крај. Исто така добро се познаваме и со Словенците и знаеме што да очекуваме од нив. Се подготвуваме напорно и се надевам на позитивни резултати на ЕП, додава Костески.