Фудбал
Костов: Дојдовме да победиме, Левски ќе се чувствува како дома да игра!
Тренерот на Левски, Николај Костов, верува дека неговиот тим може да го победи Шкупи.
„Дознавме многу за тимот на Шкупи, ги анализиравме како ривали. Нам ни замина еден од најдобрите, Сундвел, меѓутоа мора да прифатиме дека тој повеќе не е тука и ќе имаме нов капитен. Џереми Петрис го заборави пасошот, но ќе пристигне за натпреварот. Дојдовме во Скопје за да победиме. Јас верувам во својот тим и мислам дека играта и хемијата се развива од ден во ден. За нас е многу важна поддршката од навивачите. Мило ми е што фановите ќе дојдат во голем број во Скопје“, изјави Костов.
Играчот за врска на Левски, Адриан Краев пак посочи:
„Атмосферата во нашиот тим е супер, посебно по победата над Ботев. Нема тим во Европа кој може да се потцени, тоа не смеме да го направиме. Со оглед дека ќе дојдат наши навивачи ќе се чуствуваме како дома“.