Фудбал
Ковентри против Лутон – најскапиот натпревар во историјата на фудбалот
Екипите на Ковентри и Лутон се соочуваат едни со други во финалниот плеј-оф за влез во Премиер лигата.
Натпреварот ќе се одигра на легендарниот „Вембли“, а главен судија на мечот ќе биде Мајкл Оливер.
Натпреварот е прогласен за најскап во историјата на фудбалот, бидејќи на победникот ќе му бидат загарантирани огромни 170 милиони фунти. Доколку тимот кој се квалификуваше во Премиер лигата не испадне веднаш следната сезона, сумата може да се искачи на 250 милиони фунти.
Двата тима последен пат играа во првата лига на англискиот фудбал пред повеќе од 20 години.