Connect with us

Ракомет

Ковид-позитивен во Мешков Брест, одложен дуелот против Флензбург

Натпреварот од групата А во Лигата на шампионите, во која игра и нашипт Вардар, меѓу белорускиот Мешков Брест и Флензбург е одложен. Белорускиот тим бил на тестирање во текот на вчерашниот ден и имало еден позитивен резултат.

Клубот веднаш ги извести ЕХФ и противникот, а играчот е изолиран од тимот. Денеска клубот повторно беше подложен на тестирање, но иако сите резултати биле негативни, Европската ракометна федерација одлучи да го одложи мечот.

Непрекинува одложувањето на натпревари од Европската лига и Лигата на шампионите. Денес се одложени пет натпревари од четвртото коло на второто по ранг натпреварување, а утре наместо четири, ќе се играат три натпревари од редовното коло.

Мешков Брест засега е на 3. место во групата со 7 бода, додека Флензбург е позиција погоре со 9 освоени бода.