Connect with us

Кошарка

Кожув со пораз кај Берое ја почна новата сезона во БИБЛ лигата

Кошаркарите на Кожув со пораз на гостувањето во Бугарија кај Берое ја почнаа новата сезона во БИБЛ лигата.

Домашниот тим во текот на целиот натпревар имаше водство и славеше со 69:62 (20:13; 11:12; 23:19 и 15:18).

Единствениот македонски преставник во БИБЛ лигата се обиде да ја намали разликата и да направи пресврт, но домашните кошаркари не дозволија изненадување.

Најефикасен во гевгелискиот тим беше Александар Радуловиќ со 19 поени, а девет постигна Александар Штерјов.

Конер Франкамп со 26 постигнати поени беше најефикасен на натпреварот и му донесе победа на Берое.