Ракомет
Крај на сезоната за Карабатиќ
Никола Карабатиќ ќе мора да паузира три месеци, објави Пари Сен Жермен, што практично значи дека оваа сезона за него е завршена.
Најдекорираниот ракометар во историјата боледува од воспаление на површните вени (флебитис) на десната нога. Тоа значи дека ПСЖ ќе мора да оди во финалето на Лигата на шампионите во Келн без својот голем ас, како и во борбата за титулата во Франција, каде ќе има големи ривали во Монпелје и Нант.
Карабатиќ проблемите почна да ги чувствува на Светското првенство каде со Франција го освои сребрениот медал по поразот од Данска.
По враќањето дома и деталните прегледи, утврдено е дека повредата е од посериозна природа, поради што Карабатиќ ќе го пропушти остатокот од сезоната.