Connect with us

Фудбал

„Кралевите“ подготвуваат размена со „Ѓаволите“

Зинедин Зидан го притиска Флорентино Перез на „Сантијаго Бернабеу“ да му го донесе неговиот сонародник Пол Погба. Тој во моментов е играч на Манчестер Јунајтед, но сепак не прикажува игри какви што се очекува од него.

Знае Зидан дека Јунајтед нема да се откаже така лесно од Погба. Сепак, знае и дека во јануари англискиот тим има желба да го ангажира Герет Бејл. Поради тоа Реал Мадрид ќе понуди размена, а секако и пари кои ќе мора да бидат доплатени за Погба.

Дали Солскјер, но и раководството на Манчестер Јунајтед ќе прифати такво нешто, останува да се види.