Connect with us

Ракомет

„Кралот Кирил“ – Нант му се поклони на Кире Лазаров, а тој порача во сабота имаме трофеј за кревање

Кире Лазаров се прости од активното играње на ракомет пред неговите соиграчи. Нант ќе биде неговиот последен клуб, од каде на социјалните мрежи објавија „Кралот Кирил“.

На средбата со неговите колеги, Лазаров порача:

Беше огромно задоволство. Ќе ми недостига и клубот, градот и секако јавноста. Сметајте на мене, секогаш ќе бидам од Нант.

Не е крај, само збогум.

Последна работа момци: Сабота имаме уште еден трофеј за кревање.

Инаку, Нант и Кире во сабота против ПСЖ го играат финалето во Купот на Франција. Во првенството имаат два бода негатива на едно коло до крајот зад ПСЖ, но се чини дека таму трката ќе ја загубат.