Кошарка
Крис Пол ќе биде подготвен за шестиот натпревар против Голден Стејт
Кошаркарот на Хјустон Рокетс, Крис Пол, се повреди на петтиот натпревар против Голден стејт, поради што беше неизвесно неговото учество во шестата средба од финалната серија во плејофот на Западната конференција.
По денешните лекарски прегледи било утврдено дека станува збор за полесна повреда и дека тој ќе настапи на следниот натпревар.
– Ќе бидам во ред, се подготвувам за шестиот натпревар, изјави кошаркарот.
Крис Пол е клучен играч за Хјустон, кој води со 3:2 по победата дома со 98:84 во петтиот натпревар против Голден стејт. Тој го заврши натпреварот со 20 поени.