Тајмаут
Кристијано е голем човек: Го запре автобусот за да се фотографира со болно момче (ВИДЕО)
Кристијано Роналдо многумина го сметаат за голема ѕвезда.
Иако на теренот, честопати покажуваше умешност, надвор од теренот, тој е сосема обичен човек, кој посветува многу внимание на децата, особено на оние на кои им е потребна помош.
Сепак, она што тој го направи денес ќе се зборува долго време. Тој го запре автобусот со кој селекцијата патувала до финалето на Лигата на нациите кое се игра утре и се фотографира болно момче.
Се разбира, овој гест беше поздравен со огромни овации. Момчето доби слика која ќе ја памети целиот свој живот, а Роналдо уште еднаш покажа каков човек е.