Connect with us

Фудбал

Кристијано ја виде ѕвездата на Милан

Милан пристигна во Саудиска Арабија за да се подготви за Суперкупот на Италија. Во среда, Росонерите се соочуваат со Интер во битка за трофејот во Ријад.

Набргу по доаѓањето на италијанскиот шампион, Рафаел Леао имаше можност да го види својот соиграч од Португалија, Кристијано Роналдо, кој се подготвува да дебитира за Ал-Насер. Се очекува Роналдо вечерва да биде на трибините на натпреварот помеѓу Барселона и Реал Мадрид. Финалето на шпанскиот Суперкуп се одржува и во Ријад.