Connect with us

Фудбал

Кристијано Роналдо и Реал Мадрид повторно заедно, такво нешто не е можно?!

Пандемијата со коронавирусот ќе остави голема трага, пред се финансиска во фудбалските клубови. Причината се откажаните мечеви, поради кои клубовите губат огромни пари од продажбата на влезниците и тв правата.

Се шпекулира дека Јувентус, со оглед на тоа дека Италија е најпогодена со коронавирусот, не би можел повеќе да ги покрива трошоците на Кристијано Роналдо. Тоа се 31 милион евра годишно нето плата.

Наводно, веднаш се појави приказна дека е можен кам-бек во Реал Мадрид, а сето тоа е поткрепено со неговото присуство на „Сантијаго Бернабеу“ и бурната прослава на мечот со Барселона.

Сепак шпанските угледни медиуми „Марка“ и „АС“ тврдат дека нема шанси такво нешто да се случи. Наводно Роналдо не е се вклопува во финансиската конструкција и надовно нема пари да ги покрива тие примања, ниту сака да ги покрива.

Планот на Реал Мадрид е Килијан Мпабе, па поради тоа не сакаат да го затворат просторот на теренот за младиот фудбалер со Роналдо.