Connect with us

Фудбал

Кристијано Роналдо пред нов рекорд

Рекордерот Кристијано Роналдо би можел да собори уште еден рекорд.

Гол-машината е на еден натпревар од тоа да стане фудбалер со најмногу репрезентативни натпревари. Португалецот во моментов има 196 натпревари со својата репрезентација. Толку има кувајтската легенда Бадер Ал Мутава.

Кристијано оваа вечер има шанса да го напише своето име со златни букви. Неговата родна земја Португалија оди во првиот натпревар од европските квалификации. Противник е скромниот тим на Лихтенштајн.

Сакам да соборувам рекорди и сум го направил тоа многу пати. Покрај тоа што сум играч со најмногу голови за националните тимови, сакам да бидам и оној со најмногу натпревари“, изјави Кристијано.

Advertisement