Connect with us

Ракомет

Кристина  Неагу најдобар стрелц на ЕП

Романската репрезентативка Кристина Неагу се запиша во ракометната историја како најдобар стрелец во историјата на Европските првенства. Таа на  последниот натпревар на Европското првенство во Франција постигна пет гола, вкупно 206 гол во нејзината кариера на ЕП и со тоа за еден гол ја надмина некогашната репрезентативка на Унгарија, Агнес Фаркаш која во периодот од 1992 до 2004 имаше постигнато 205 гола.

Кристина Неагу сега ќе го подобри рекордот затоа што има уште неколку натпревари за играње, а со оглед на тоа дека има 30 години има пред неа веројатно уште две-три првенства и ќе постави нов многу поголем предизвик за тие што ќе се обидат да ја следата во оваа трка.