SPORTM.mk
„Криза е, клубовите бараат одложување на плаќањата за трансфери или сакаат само позајмувања“
Пандемијата на коронавирусот предизвика многу проблеми и во светот на фудбалот.
Ситуацијата во многу лиги и клубови не е одлична, а дека короната го „разниша“ фудбалот потврди директорот на Ајакс, Марк Овермарс.
Некогаш одличниот фудбалер во разговор со холандските медиуми истакна дека 95 проценти од клубовите едноставно немаат пари и дека повеќето од нив сакаат да ја одложат исплатата за трансфери или да инсистираат на позајмици.
„95 проценти од клубовите немаат пари. Потребно е извесно време за да преживеат. Сите клубови сакаат одложување на плаќањето за трансферот или одат на позајмица“, објаснува Овермарс.
Поради финансиската криза, Ајакс го продаде Серхино Деста на Барселона.
„Во основа, долго време се потпиравме на нашите играчи. Но, сепак моравме да затвориме нешто во однос на буџетот“, заклучува Овермарс.