Фудбал
Крос потпиша нов договор со Реал Мадрид
Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос, повторно го потпиша договорот со „кралскиот“ клуб до летото 2024 година, пренесува Фабрицио Романо.
Договорот на германскиот играч за врска со Лос Меренгес истекуваше на крајот од актуелната кампања, а тој имаше две опции: да се повлече од фудбалот или да го продолжи договорот.
Се чека само официјална потврда од Реал Мадрид.
На нови договори на „Сантијаго Бернабеу“ работат и Карим Бензема, Лука Модриќ, Начо, Марко Асенсио, Винисиус Јуниор, Дани Себаљос и Едуардо Камавинга.