Connect with us

Ракомет

Купиле билети но останале пред салата во Битола – натпреварот го гледаат на телефон

Купиле влезници, но ракометниот натпревар го гледаат надвор, наместо во спортска сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

За сега се уште е нејасно како, со регулани влезници голем број на навивачи останаа пред спортската сала во Битола, каде репрезентацијата на Македонија вечерва ги започна квалификациите за ЕП во ракомет во 2020 година.

Љубителите на спортот натпреварот го гледаат на мобилни телефони. Спорт М дознава неофицијално дека се изработени фалсификат влезници.