Connect with us

Кошарка

Куртинаитис го замени Барцокас

Рускиот кошаркарски тим Химки го отпушти досегашниот прв стратег Јоргос Барцокас. Клубот од Москва не беше задоволен од резултатите, па се одлучи да расчисти со грчкиот тренер кој беше на оваа функција од летото 2017 година. Наследниот на Барцокас е Литванецот Римас Куртинаитис. Ова е кам – бек на Куртинаитис, во тимот во кој со голем успех го водеше во периодот од 2011-2016. Тој успеа два пати да ја донесе титулата од Еврокупот, а воедно ја освои и ВТБ лигата во 2011 година.

Своето деби Куртинаитис ќе го има на 25 јануари, кога Химки ќе го пречека тимот на Баерн (М), во рамки на 20 коло од Еврролига.