Фудбал
Куртоа разочаран од изјавите на селекторот на Белгија
Белгискиот голман Тибо Куртоа изјави дека е длабоко разочаран бидејќи селекторот на фудбалската репрезентација Доменико Тедеско јавно ги објави дискусиите кои се водат во тимот.
Во понеделникот, Тедеско го обвини Курту дека ги разочарал своите соиграчи и дека лажирал повреда пред квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 против Естонија.
Селекторот изјави дека Куртоа во понеделникот не се појавил на тренинг кампот на репрезентацијата бидејќи бил навреден што не бил капитен на натпреварот против Австрија минатата сабота.
Таткото на белгискиот голман ги отфрли обвинувањата дека имало тепачка во тимот и рекол дека неговиот син добил дозвола да ја напушти репрезентацијата поради проблем со коленото, но селекторот подоцна за медиумите изјави дека Куртоа не е повреден.
Голманот на Реал Мадрид доцна синоќа проговори велејќи дека е длабоко разочаран што Тедеско јавно го објавил разговорот во соблекувалната и дека „оценките на тренерот не соодветствуваат со реалноста“.
Куртоа тврди дека има проблем со воспаление на десното колено и дека одлуката да ја напушти репрезентацијата е донесена по консултација со лекарите на Реал Мадрид и на белгиската репрезентација.
Тој ја претстави својата верзија на разговорот со Тедеско во врска со капитенската лента.
„Го замолив, не од директна корист, да ги објасни одлуките за да избегнеме ситуации од минатото кои ни наштетија, додека ние секогаш гледавме на општо добро. Одлуката за капетанството не е каприц или случајна одлука. тоа треба да биде негова одлука и тоа се обидов јас да му го пренесам. За жал, не ја исполнив мојата цел“, изјави тој.
Против Австрија капитенската лента ја понесе Ромелу Лукаку, а селекторот тогаш изјави дека на денешниот натпревар против Естонија на ред ќе дојде Курто да биде капитен.
„Инсистирам дека не барав ништо под никакви околности и дека разговарав со мојот соиграч Лукаку за да ги разјаснам околностите околу оваа ситуација“, рече Куртоа.