Connect with us

Фудбал

Кутињо прави изненадувачки трансфер?

Филипе Кутињо би можел да направи изненадувачки трансфер. За Бразилецот е заинтересиран турски Бешикташ и преговорите меѓу двете страни веќе се започнати.

Бешикташ ја заврши сезоната на третото место во Супер лигата и се пласираше во Конференциската лига, па газдите на клубот го планираат составот за новата сезона.

Претседателот Емре Кочадаг преку соопштение ги објави плановите на клубот.

„Наша цел во новата сезона е шампионатот. Ќе имаме нови трансфери. Во моментов преговараме со играч кој играл во Шпанија, Англија и Германија“, изјави Кочадаг.

Медиумите тврдат дека откриле дека токму овој играч е Кутињо. Турскиот клуб и понуди на Астон Вила позајмица со опција за откуп. Бешикташ сака да плати 40% од платата на Кутињо во првата сезона и да ја задржи опцијата за откуп.