Connect with us

Ракомет

Кузмановски: Ни фали Кире, ама навистина се боревме на теренот

 

Филип Кузмановски кој одигра на високо ниво против Словенија изјави дека недостигал Кире Лазаров, што е голем хендикеп. Како што е познато Лазаров кој е селектор-играч нема да настапи на ова ЕП бидејќи се повреди вчера на тренингот.

-Навистина верував дека можеме да ја победиме Словенија, докажавме, само да не ги направевме тие технички грешки. Знаеме дека Лазаров ни фали и тоа беше голем хендикеп, но навистина се боревме. Сепак самите сме си виновни што загубивме. Но, главата горе, имаме уште два натпревари. Да ги поправиме техничките грешки, да одиграме поборбено и мислам дека сме многу добра репрезентација, млада екипа, трчаме 60 минути напред, назад. Видовме и самите дека можеме да играме и ние помладите, таа генерација што цело време се спомнува само… Не знам искрено денеска што фалеше. Треба да го анализираме натпреварот, па да коментираме. Нема простор за разочарување, имаме следен натпревар и одиме напред, вели Кузмановски.

Тој во поразот од Словенија од 27:25 постигна пет голови.

Реклама

Facebook

Реклама