Ракомет
Кузмановски: Во одбрана се игра со мад*ња
Македонската репрезентација не го започна баш добро Светското првенство во Египет, загуби од Шведска со 32-20.
Филип Кузмановски беше самокритичен и без влакна на јазикот за прикажаната игра на вчерашниот натпревар против Шведска.
„Отворивме најлошо до сега, никогаш не сме изгубиле на ваков начин со толкава разлика. Тоа што добивме покана во последен момент не треба да биде изговор, бидејќи и Шведска во последен момент дозна дека ние доаѓаме. Не покажавме ништо во одбраната и во нападот. Одбрана се игра со мадиња, да немаш срце, да не направиш фаул во текот на сите 60 минути, не можам да го разберам, почнувам од мене.
Македонија беше непрепознатлива, во текот на целиот меч не направивме фаул. Мора да го заборавиме дуелот со Шведска за да одиграме добро против Египет и Чиле, ако не го сториме тоа не знам како ќе играме. Треба да покажеме зошто сме тука.
Не знам што да кажам, имавме два контролни мечеви, пробувавме неколку работи, но не во цел состав, иако ниту ова не треба да биде изговор.
Ќе тргнам од мене, иако Египет е фаворит мора да се покажеме во одбраната, а за неа треба да имаше мадиња. Не може да немаш срце, да не направиш фаул во сите 60. минути, тоа е недозволиво. Мислам дека дел од играчите се под притисок“, вели Кузмановски од Каиро.
Македонија утре ќе игра против Египет во 18:00 часто.