Connect with us

SPORTM.mk

Квалификации за ЛШ: Ѕвезда по 22 пенала го мина Копенхаген, Динамо супериорен кај Ференцварош

Белградска Црвена ѕвезда и загрепски Динамо во вторникот вечерта обезбедија европска есен во натпреварувањата под оикровителтво УЕФА, а српскиот односно хрватскиот првак, во најмала рака, ќе бидат дел од групите во Лига Европа доколку не успеат низ плејофот за главната фаза во Лигата на шампиони.

Белграѓани го елиминираа Копенхаген по маратонска серија од 22 изведени пенали на „Паркен арена“ во данската престолнина. По 90 минути немаше победник (1:1), како што беше и на стадионот „Рајко Митиќ“ во првата средба. Ричмонд Боачи го постигна голот за „црвено-белите“ во 17 минута, израмни Даме Н’Доје во 45. минута.

Од 54 минута, Црвена звезда играше без исклучениот Милуновиќ, но издржа пред налетите и силниот притисок на Копенхаген и го одведе мечот на пенал рулет. Двете екипи изведоа вкупно 22 удара од белата точка, пет промашија фудбалерите на данскиот претставник, четири на српскиот тим кој ја заклучи серијата со 7:6 во своја корист благодарение на интервенции на голманот Милан Борјан.

Динамо Загреб со четири гола во гости се проби до четвртото коло на квалификации за ЛШ. Централна фигура кај „модрите“ на „Групама арена“ во Будимпешта беше Аријан Адеми. Македонскиот репрезентативец погоди во 16. минута за 1:0 и асистира на Дани Олмо во 55. минута за 3:0. Во меѓувреме реализира Бруно Петковиќ во 47. минута, покерот голови за екипата ид „Максимир“ го комплетира Амир Гојак во 79. минута.

Црвена звезда ќе игра со Јанг Бојс за место во групната фаза во Лигата на шампионите, а ривал на Динамо Загреб ќе биде Розенборг кој со двете победи од 3:1 го елиминираше Марибор.

 

Резултати од третото коло квалификации за ЛШ, реванш мечеви:

Копенхаген – Црвена звезда 1:1 – на пенали 6:7 (1:1)

Ференцварош – Динамо Загреб 0:4 (1:1)

Порто – Краснодар 2:3 (1:0)

Селтик – Клуж 3:4 (1:1)

Олимпијакос – Истанбул Башакшехир 2:0 (1:0)

ЛАСК Линц – Базел 3:1 (2:1)

Ајакс – ПАОК 3:2 (2:2)

Динамо Киев – Бриж 3:3 (0:1)

Розенборг – Марибор 3:1 (3:1)

Карабаг – АПОЕЛ 0:2 (2:1)

 

Двојки за плејоф за ЛШ:

Динамо Загреб – Розенборг

Црвена ѕвезда – Јанг Бојс

Клуж – Славија Прага

АПОЕЛ – Ајакс

ЛАСК Линц – Бриж

Олимпијакос – Краснодар

Извор: Нетпрес

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама
Реклама

Повеќе од SPORTM.mk

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com