Connect with us

Други спортови

Квалификациски меч го спречи Грисо за финалето во Мелбурн

Американецот Максим Креси го победи Григор Димитров во битка за пласман во финалето на турнирот од АТП серијата 250 во Мелбурн. Квалификантот победи со 7:5 и 7:6 и за првпат ќе се расправа за АТП трофеј во кариерата.

Ефикасноста на Креси на сервис беше запрепастувачка, а иако Гришо беше блиску до брејк на противникот на крајот од вториот сет, Американецот се собра и го доби мечот со поавторитативна игра, која траеше повеќе од два часа.