Други спортови
Квартараро ќе стартува од пол-позицијата во Асен, Лоренцо задржан во болница по тешкиот пад

Фабио Квартараро на Петронас Јамаха ќе стартува од пол-позицијата за трката за ГН на Холандија. Тој денеска имаше најдобро време во квалификациите и успеа по третпат сезонава да се избори за првото стартно место. Французинот кој е дебитант во најсилната класа, во денешните квалификации постави нов рекорд на патеката во Асен, а стана и најмладиот возач кој двапати по ред има пол-позиција на официјална трка во кралската класа.