Ла Лига бара од Барса и Реал да го играат „Ел Класико“ на „Сантијаго Бернабеу“ наместо на „Камп Ноу“

Барселона и Реал ќе ги одиграат своите натпревари против Еибар и Мајорка овој викенд, а потоа треба да го гледаме „Ел Класико“ во следното коло на „Камп Ноу“.

-текстот продолжува по рекламата-

Доколку двата тима победат во ова коло, Каталонците доколку ги совладат фудбалерите на Реал Мадрид во големото дерби пред своите навивачи ќе се искачат на врвот на табелата.

Сепак, сега се појавија некои проблеми, па навивачите на Барселона можеби нема да го следат Ел Класико на „Камп Ноу“.

Имено, пред неколку дена неколку каталонски политичари добија казна за убедување и одржување на референдум.

Како резултат на тоа, неколку илјади демонстранти излегоа на улиците на Барселона и ги блокираа, како и на аеродромот, што резултираше со откажување на 67 летови.

Челниците на Ла Лига се загрижени за безбедносната состојба во Каталонија и побараа од Барселона и Реал Мадрид да го преместат Ел Класико од „Камп Ноу“ на „Сантијаго Бернабеу“, но и двата клуба ја отфрлија можноста.

Совет за етика во медиумите
Loading...