Connect with us

Фудбал

Ла Лига со својот втор најлош рекорд на голови овој век

Во изминатата календарска година во Ла Лига се одиграни 348 натпревари. Во нив екипите постигнале вкупно 870 голови, што значи дека на секој натпревар од шпанското првенство примиле во просек по 2,5 гола.

Ова е втор најлош учинок за шпанската лига во 21 век.

Само во календарската 2020 година во Ла Лига во просек се постигнати помалку голови по натпревар. Тогаш беа постигнати 845 голови, што е 2,38 во просек по натпревар.