Фудбал
Лампард: Брајтон можеше да победи со повеќе, губиме дури и во елементи како борба и трчање
Менаџерот на Челзи, Френк Лампард, разбирливо беше незадоволен од играта на неговиот тим во поразот на домашен терен од Брајтон со 2-1 во 31. коло од Премиер лигата. Лондончани беа целосно надиграни од галебите на својот Стемфорд Бриџ и треба да бидат задоволни што не примија повеќе голови на Кепа Аризабалага.
„Разочаран сум на секое ниво. Победи подобриот тим. Можеа да победат со повеќе. Тие играа тимски, тие се изигран тим. Не одигравме доволно добро. Сите основни елементи на фудбалот – борба, трчање – ги губиме дури и во нив. Не се работи за тактика сама по себе“, изјави Лампард на прес-конференцијата по натпреварот
„Во вторник имаме важен натпревар против Реал Мадрид. Но, пред тоа треба да откриеме зошто тоа се случи денеска“, изјави Лампард по повод реваншот против Реал Мадрид во 1/4-финалето од Лигата на шампионите, во кој „сините“ ќе треба да надополнат негатива од два гола од првиот натпревар.