SPORTM.mk
Лампард: Имаме тежок старт потребно е трпение
Ерата на Френк Лампард како тренер на лондонски Челси не може да се каже дека започна добро.
После две кола во Премиер лигата, Челси има освоено само еден бод (пораз од Манчестер Јунајтед и реми со Лестер), а лондонскиот клуб загуби и од Ливерпул во рамките на европскиот Суперкуп.
„Се уште е рано да се зборува за било што. Мораме да бидеме трпеливи и да изградиме нешто. Потребна ни е подобра завршница. Можевме да водиме со два или три разлика, но не ги користиме шансите“, изјави Лампард и додаде:
„Ова е мојот дом и ја ценам поддршката на навивачите. Челси е мојот клуб, овде играв долго и разочаран сум што не победивме. Имаме тежок старт“, изјави Лампард.