Connect with us

Фудбал

Лампард: Не сакам да бидам лелекач, но се беше против нас

Привремениот менаџер на Челзи Френк Лампард зборува по поразот од Брентфорд со 2-0. „Сините“ продолжуваат да го копаат дното и не можат да излезат од играчката криза во која се наоѓаат и по отказот на Греам Потер.

Лампард ги повика играчите да веруваат во себе и истакна дека на мечот со „пчелите“ се било против нив.

„Тоа е непријатен пораз. Чувствувам за играчите, им недостасува самодоверба во моментов. Ја контролиравме играта во однос на поседот. Во вториот дел доминиравме, но тие не одбележаа во контра-напад“, започна тренерот на Челзи.

„Не сакам да бидам лелекач во овој момент, но се е против нас. Тоа јасно се виде на овој натпревар. Мора да веруваме во следните натпревари, кои не се лесни. Можеби е време почесто да гледате некои од играчите кои играа денес“, додаде тој.