Connect with us

SPORTM.mk

Лампард: Ни фалеше само малку среќа

Тренерот на Челзи, Френк Лампард, по поразот од Ливерпул во натпреварот во Супер купот на УЕФА, изјави дека неговиот тим играл добро. Според него, на „сините“ им требаше малку среќа да дојдат до трофејот.

– Игравме добро против тим што е граден неколку години. Ги видов оние работи што сакам да ги видам во тимот. Тоа е сериозен став кон работата, дисциплина и страст. Ми се чини дека денес секој играч даде сите сили да победи, но ни фалеше малку среќа, истакна Лампард.

Челзи синоќа загуби на пенали, откако по 120 минути резултатот беше нерешен 2:2.