Connect with us

Фудбал

Лапорта направил хаос во ложата на стадионот, а потоа им одржал жесток говор на фудбалерите на Барселона

Првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта тешко се справи со новиот кикс на неговиот тим, кој синоќа на домашен терен одигра нерешено со Гранада (3:3) и со тоа практично ја загуби секоја надеж за одбрана на шампионската титула. Уште еден неуспех на каталонскиот клуб го налути претседателот Лапорта кој направи хаос во ложата на стадионот. Имено, првиот човек на Барселона целосно ги загуби нервите и фрлаше се пред себе.

Тој целосно полуде и не можеше да го контролира својот гнев по натпреварот со Гранада, а наводно грабнал послужавник со канапе и ги фрлил. Потоа се упати кон соблекувалната и им одржа жесток говор на фудбалерите и членовите на стручниот штаб.

Advertisement