Поврзи се

Кошарка

ФОТО: Лав со скршени рака ја заврши првата четвртина против Пистонс

Актуелниот вицепрвак во НБА лигата доживеа пораз во Детроит 125:114 и на неодреден период остана без вториот клучен играч во тимот Кевин Лав.

Крилниот центар по неколку минути од почетокот на натпреварот во Детроит, во дуел со центарот на Пистонс Ентони Толивер се здоби со фрактура на раката.

Според се уште непотврдени информации 29-годишниот кошаркар ќе отсуствува од кошаркарските терени околу два месеци.

Лав сезонава има просек од 18,2 поени и 9,6 скока по натпревар. Поради повредата тој ќе го пропушти Ол стар натпреварот кој на програмата е на 18 февруари во Лос Анџелес.

Инаку против Детроит најефикасни кај Кливленд беа Леброн Џејмс со 21 поен, 6 скока и 7 асистенции, односно Ајзеа томас со 19 поени, 3 скока и 5 асистенции.

На спортивната страна целата стратна петорка на Детроит постигна двоцифрен број на поени, најмалку 19 реализира Еш Смит, најефикасен беше Стенли Џонсон со 26 поени, а блескаше Андре Драмонд со 21 поен, 22 скока и 7 асистенции.

ФОТО

loading...

Повеќе од Кошарка

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com