Фудбал
Лавовите вечерва за прв пат ќе истрчаат со новите дресови

ФФМ вчера го претстави новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација, а веќе вечерва македонските лавови за прв пат ќе се претстават и пред публиката.
Препознатливото сонце истакнато на градите на фудбалерите на модерен начин ја отсликува енергијата и гордоста на Македонија.
-Дизајниран од нашата Рахила Илиев и Мартин Филиповски, новиот дизајн останува верен на македонското фудбалско наследство, велат од ФФМ.
Резервниот дрес во бело-жолта боја е уште една интерпретација на македонскиот дизајн за фудбалерите и навивачите.
Нашата репрезентација добива уште една, трета варијанта на дресови и шорцеви во темна боја која дополнително го нагласува сонцето и националната гордост.
