Connect with us

Ракомет

Лазаров: Чест е да отворам ново поглавје во македонскиот ракомет

Кире Лазаров вечерва од 20 часот дебитира како селектор на Македонија и тоа против светскиот првак Данска.

-Максимално го искористивме времето до одигрувањето на дуелот со Данска и можам слободно да кажам дека сме подготвени за овие два натпревари што не очекуваат до крајот на неделава. Играме против актуелниот светски и олимписки шампион и навистина сум среќен што токму со една од најквалитетните ако не и најквалитетна репрезентација на светот, отвораме едно ново поглавје во македонскиот ракомет, изјави Лазаров.