Connect with us

Ракомет

Лазаров: Денеска не можеме да загубиме ништо, а можеме да добиеме многу!

Македонската репрезентација ќе го отвори настапот на Светското ракометно првенство во Полска и во Шведска со дуелот против Норвешка, вечерва од 20.30 часот. Селекторот Кире Лазаров потсети дека е лесно кога се наоѓате во ситуација кога немате што да загубите, а можете многу да добиете.

„Подготвени сме за Светското првенство. Во првиот натпревар играме со Норвешка, репрезентација за за која не треба да зборуваме која е и што е. Играше во финалињата на Мундијалите во 2017 и 2019 година, не успеаја да го освојат, дојдени се да направат голем резултат, сакаат златен медал. Сметам дека во спортот секогаш треба да се верува во нешто невозможно. Денеска и ниие сме во таква позиција, не можеме да загубиме ништо, а можеме да добиеме многу. Има доста прашања дали ќе се штедиме, ама тоа нема да е така, ние ќе одиме од стартот максимално и ќе се обидеме да одиграме еден квалитетен натпревар и ќе видиме до каде можеме, изјави Лазаров, пренесе Sport1.mk

Конкретниот состав кој ќе ѝ се спротивстави на Норвешка ќе  се знае подоцна денеска, но кој и да игра јасно е дека ќе има многу млади, можеби и сите седум дебитанти.

„Сакам да нагласам дека оваа репрезентација и досега направи многу, за првпат победивме два баражи против квалитетни противници. И покрај сите скептици, успеавме да го задржиме континуиетот на големите собири. Успеавме да се пласираме на СП, а на чекор сме и до пласман на ЕП. Одиме чекор по чекор, резултатите можат да дојдат побргу или подоцна. Што и да се случи, мора само да одиме по нашиот пат. Играме со седум дебитанти на ова СП и треба да бидеме внимателни“, додаде селекторот.