Тајмаут
Лазаров дипломира со десетка на ДИФ
Нашиот легендарен ракометар бележи успеси и на приватно поле.
Капитенот на нашата ракометна репрезентација и најдобриот ракометар во земјава, Кирил Лазаров дипломираше со десетка на факултетот за физичка култура (ДИФ).
Дипломската тема посветена на ракометот, Лазаров ја бранеше само неколку часа по завршувањето на натпреварот на македонската репрезентација во Клуж во кој нашата репрезентација загуби со 26:25, но сепак благодарение на високата победа на домашен терен со 8 голови разлика успеавме да обезбедиме пласман на светското првенство кое во јануари ќе се одржи во Германија и Данска.
На одбраната на дипломската на капитенот на нашата репрезентација присуствуваа скоро сите репрезентативци, некои поранешни соиграчи, тренери и челните луѓе на ракометната федерација на Македонија.
Кирил Лазаров неодамна стана најдобриот стрелец на завршните турнири од Лигата на шампионите, а како репрезентативец на Македонија е најдобар стрелец во историјата на светските и европските првенства.