Ракомет
Лазаров го објави поширокиот список за мечот со Романија
Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за мечот со Романија.
На списокот е и самиот Кире Лазаров што значи дека тој останува да биде селектор-играч, тука е и искусниот Филип Миркуловски.
Првиот натпревар меѓу Македонија и Романија се игра на 17 март во Скопје со почеток од 19 часот, рваншот е на 19 март во Букурешт.
Доколку ја поминеме Романија, последен противник за пласман на Мундијалот ќе ни биде селекцијата на Чешка, тие натпревари се играат на 11 и 17 април.
