Ракомет
Лазаров го однесе Нант во финалето на купот на Франција
Кирил Лазаров денеска успеа да покаже каков класа играч е тој.
Македонскиот репрезентативец, го постигна победничкиот гол на натпреварот против Монпелје, на кој Нант славеше со 27-28.
Лазаров натпреварот го заврши со само два гола, но еден беше токму победничкиот.
Со оваа победа Нант ќе се бори за титулата во купот на Франција против Шамбери Савоа, кој го совлада Пари Сен Жермен со 29-28.